Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Овој Вардар мора да научи да игра и на гостински терен..
Овој Вардар мора да научи да игра и на гостински терен..

Овој Вардар мора да научи да игра и на гостински терен..

Ново гостување на Вардар и нов кикс, по којзнае кој пат оваа сезона. Фудбалерите на Никола Глигоров треба да научат да играат фудбал и на гостински терен, инаку со игра само пред ,,Комитите” – не се влегува во Прва лига!! По којзнае кој пат сезонава Вардар ги разочара и своите навивачи… Анемична игра, игра без квалитет, игра без агресивност и најважното – немање на реализација се клучот на неуспехот сезонава.

Вардар денес убаво отвори и по само четири минути игра водеше со гол на Мишковски и наместо да тргне во нова офанзива по втор погодок (и полека да го затвора резултатски натпреварот) Глигоров ја ,,утна” и тоа бајаги. Го повлече својот тим, па со 11-мина позади топка тргна да се брани и да го чува резултатот. Одбраната набрзо ,,пукна” , па така домаќинот дојде до гол, па на Вардар му текна повторно да нападне. И повторно дојде главиот проблем! Во првиот дел нереализирана една супер шанса, потоа уште една, за на крајот и ,,епскиот” промашен ,,зицер” на Парталко за нов ,,кикс” на гости и нови два бода минус во борбата за бараж.

Не му оди, па не му оди на овој Вардар на гостински терен сезонава. Можеби некои играчи сеуште не знаат како се игра на гости во Втора лига па треба некој да им објасни, ама кој да им објасни?

Ајде, сепак ништо сеуште не е загубено благодарение на ФК Тетекс кој попладнево одигра и за Вардар, но потребни се драстични промени за да ,,тргне возот” во добар правец!