Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. 2006 надмоќна во градското пријателско дерби со екипата на Работнички
Вардаровата генер. 2006 надмоќна во градското пријателско дерби со екипата на Работнички

Вардаровата генер. 2006 надмоќна во градското пријателско дерби со екипата на Работнички

Продолжуваат контролните натпревари за вардаровите генераци, во пресрет на новата натпреварувака сезона.

Генерацијата на ФК Вардар родени 2006 година одиграа пријателски дуел против екипата на Работнички кој го добија убедливо со резултат 9:1. Избраниците на Филип Спасески продолжуваат со добри игри и победи во подготвителниот период. Се очекуваше градскиот ривал да пружи посилен отпор, но едноставно Вардар беше доста надмоќен на овој меч кој се одигра на теренот на Академијата.

Алтин Алији беше најрасположен за постигнување голови, вкупно четири погодоци беа запишани за овој играч на натпреварот. Во листата на стрелци се запишаа уште и Алтин Нурединовски кој постигна два, додека по еден дадоа Марко Николовски, Андреј Величковски и Антони Динов.

Во сабота од 10:00 часот на истиов терен, црвено-црните ќе одиграат контролен меч и против екипата на Шкендија