Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар потврди: Калараш во следните две години ќе биде дел од црвено-црните
Вардар потврди: Калараш во следните две години ќе биде дел од црвено-црните

Вардар потврди: Калараш во следните две години ќе биде дел од црвено-црните

Рускиот репрезентативец се враќа во редовите на Европскиот ракометен Шампион, Глеб Калараш повторно ќе го носи црвено-црниот дрес.

-Штом пристигне во Скопје, Калараш ќе се приклучи на тренинзите на Вардар. Со Глеб потпишавме договор, за следните две сезони, потврди, Кокшаров, спорскиот директор на Вардар.

Калараш беше еден од столбовите во одбраната на Вардар, играч кој многу помогна во освојување на втората Европска круна. Иако имаше потпишано договор со Мотор Запорожје, Калараш го прекина истиот и повторно ќе заигра за Вардар. Останува само да се одработат медицинските прегледи, по што и официјално ќе биде претставен во старо-нов играч на Вардар.