Пионерките на женскиот ракометен клуб „Вардар“ од 26-ти до 28-ми август ќе настапат на силен меѓународен турнир во Белград, Србија. Тимот на Анжела Платон и Марија Папуџиева вредно се подготвува од 7.август кога ги започна подготовките.
Девојките ќе заминат за српската престолнина во недела на 25.август во вечерните часови. Тие ќе земат учество на турнирот Лавови Хенбал Челинџ на кој ќе има екипи од десеттина земји и ќе се натпреваруват во неколку категории, во машка и женска конкуренција. Ние сме во групата-А, ќе играме во салата „Шумице“ наши ривали се тимовите на: Цепелин, Железничар, Ц.Звезда и тимот на РК Јуниор.
На овој турнир ќе дебитираат новите две засилувања, Теодора Ангелова и Сара Стојанова кои ова лето се придружија на црвено-црниот женски пионерски тим.