Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Мирков погоди од пенал, младинците на Вардар подобри од Шкупи
Мирков погоди од пенал, младинците на Вардар подобри од Шкупи

Мирков погоди од пенал, младинците на Вардар подобри од Шкупи

Утрово на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, контролен натпревар против екипата на Шкупи одиграа младинците на ФК Вардар. Видовме еден цврст и квалитетен натпревар кој на крај заврши минимално во наша корист. Конечниот резултат гласеше 1:0, стрелец на голот беше Антонио Мирков со удар од белата точка.

8

Со оглед дека Глигоров беше прекомандуван во првиот тим, како шеф на стручниот штаб, денес младинците на Вардар ги предводеше Пепе Ѓоргиевски. Вардар беше поконкретен на овој натпревар и на крајот заслужено победи. Во првото полувреме не видовме погодок, прв се закани противникот но одбрани Гоце Јовчев. Кај Вардар најголемата шанса за погодок ја имаше Антонио Мирков кој биеше за малку крај голот, додека за обележување е обидот и на Здравковски Огнен кој шутира крај голот.

2 3 4 5

Во вториот дел тренерот Ѓоргиевски им даде шанса за настап на сите играчи. Повторно најзрелата прилика за отварање на резултатот ја имаше Мирков, кој биеше со глава од неколку метри после центар шут на Хасани. Пред да го отвориме резултатот уште еднаш во прилика се најде Мирков, но одбрани голманот на Шкупи. Се играа последните пет минути од натпреварот кога беше досуден пенал за Вардар. После одлично додавање од Тасевски, фаулиран во шеснаесетникот на Шкупи беше Мирков, па оправдано беше досуден пенал. Истиот успешно го реализира Мирков за водство од 1:0. Ова беше и конечен резултат на овој пријателски натпревар.

6 7 9 10 11

Вардар: Јовчев, Ричков, Каровски, Јовановски, Марковски, Здравковски, Хасани, Живков, Трајковски, Мирков и Саит.