Денес фудбалскиот клуб Вардар го игра натпреварот од 5.коло во втората македонска фудбалска лига. Деби на клупата на црвено-црните како шеф на стручниот штаб ќе има Никола Глигоров, кој ќе го води Вардар на натпреварот против екипата на Беса.
Сепак, Никола Глигоров не заборави да ги посети своите младинци, кои утрово играа натпревар против екипата на Шкупи. Глигоров беше присутен на Хиподром, им даде поддршка на вардарци кои триумфираа минимално со резултат 1:0.