Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го скрати списокот и повика 30 ракометарки за собирот за ЕХФ Еуро купот,а девојките ќе треба да се јават на тренинзите на 30 септември. На истиот има пет вардарки повикано за овој собир.
Ракометарките ги очекуваат дуели против Црна Гора, па ова ќе биде практично и старт на подготовките за Европското првенство кое следната година во декември се одржува во Македонија.
Првиот натпревар ќе биде одигран на 7 октомври во Скопје од 20:15 часот, додека реваншот против Црна Гора е предвиден за 10 октомври кога Македонија ќе гостува во Подгорица.