Во рамките на 15-коло во ПМФЛ,Вардар дома го пречека Металург.
Уште еднаш Вардар покажа дека оваа есен е преголем залак за избраниците на Срџан Захариевски.
Уште на самиот старт Вардарци играа надмоќно,првиот гол дојде во 14 минута,кога по една убава акција од левата страна,проработе ерменската врска во Вардар овој пат Хамбарџумјан му асистираше а Дашјан погоди за 1:0
После овој гол Вардар продолжи да напаѓа на голот на Металург,вториот гол дојде по една убава акција кога Јасир Асани најдобро се снајде во шеснаесетникот и погоди за 2:0. Со овој резултат се отиде на пауза.
Второто полувереме започна,по само две минути игра Јасир Асани со прекрасен гол најави дека победникот на овој меч го имаме уште по 47минути игра.
Па така по убедливите 3:0 вардарци играа мирно,сталожено,без многу напади.
Во 71 минута по едно невнимание на одбраната на Вардар,главниот судија досуди пенал за Металург.
Александар Стојановски прецизно стрелаше за ублажување на водството од 3:1
Со овој резултат и заврши мечот во Скопје.