Во недела (23.10), на програмата е 9.коло во ВМФЛ, во кое на програмата е дербито меѓу екипите на Гостивар и Вардар.
Натпреварот во недела ќе се одигра на игралиштето во с. Голема Речица со почеток од 14:00 часот.
После осум одиграни кола, Вардар е лидер на табелата со 22.освоени бодови, додека Гостивар е на 3.место со 18 бодови. Важен натпревар за црвено-црните, во случај да победат на овој натпревар и тоа како ќе се зацврстат на врвот на табелата, во продолжение од сезоната.