Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2024 година. Избраниците на Кирил Лазаров славеа на гостувањето во Турција (36:27) и на тој начин ги зголемија шансите за пласман на уште едно натпреварување.
Голманот на Вардар, Мартин Томовски, се најде во изборот на ЕХФ за најдобра одбрана на натпреварот. Томовски имаше солиден настап забележувајќи вкупно седум одбрани, од кои една се најде во овој избор, истата можете да ја погледнете на линкот, ТУКА.