Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар освои само бод во Струмица и не го искористи поразот на Шкендија во Чаир
Вардар освои само бод во Струмица и не го искористи поразот на Шкендија во Чаир

Вардар освои само бод во Струмица и не го искористи поразот на Шкендија во Чаир

Вардар и Беласица одиграа без голови 0:0 на денешниот натпревар од 22.коло во ПМФЛ, на стадионот „Младост“ во Струмица.

Тренерот Александар Васоски го започна мечот со следниве 11: Гачевски, Новак, Најдовски, Манев, Брдаровски, Фелипе, Мицевски, Жуниор, Аврамовски, Лира, Ибиши.

Вардар ја имаше првата голема прилика за отварање на резултатот, но бразилецот Хуан Фелипе од добра позиција не успеа да го совлада противничкиот чувар на мрежата. Во период од три минути, две прилики имаше и екипата на Беласица, најпрво преку Џонов кој на нафрлена топка, од само десеттина метри не успеа да погоди, а малку подоцна и Балдовалиев кој не чуван од никого, биеше само покрај десниот дирек. Гледавме борбена игра на двете страни и двата тима се обидуваа да го отворат резултатот. Во првиот дел ќе го одбележиме и ударот на Најдовски, кој остана без реализација. Со резултат 0:0 се замина на полувреме.

Во вториот дел, вардаровиот стратег, Александар Васоски направи три измени, но ниту тие не помгнаа да се дојде до бодовите. Во игра влегоа, Тошевски, Цветаноски и Попзлатанов. Најголемата шанса во овој дел од мечот ја имавме во една акција, кога најпрво биеше Мицевски, одбрани Вујанац, но одбиената топка стигна до Лира, кој не успеа да погоди. Во 89 минута од голема далечина се обиде Стојков кој шутира над голот на Гачевски. Така, и по истекот на 90 минути резултатот остана оној почетниот 0:0.

Вардар не успеа да го искористи поразот на Шкендија од Шкупи и да се доближи на табелата. Шкендија останува лидер со 47 бодови, додека Вардар и А.Пандев имаат по 39 бода.