ФК Вардар генерација родени 2010 и помали одиграа натпревари од детската лига, денес на терените на ФФМ. Момците на Илија Колевски дојдоа до една победа и еден пораз во денешните соочувања со Форца.
Вардар (1) генер. 2010 го совлада тимот на Форца 1 со резултат8-1. Почнавме со гол на Стефан Ристиќ, тој успеа да отвори со погодок за 1-0 на самиот почеток. Веднаш потоа удвоивме со погодокот на Далибор марковиќ на 2-0. Токму они потоа имаа по една изгледна и нереализирана прилика. На нашиот гол атрактивни одбани врза Филип Наумовски. Пацевски Лука имаше две шанси, во првата не погоди, но во втората со силен удар ја затресе мрежата за високи 3-0. До крајот на првиот дел видоовме удар на Гечев Драган во стативата, и погодок на Дарио Илиќ за 4-0. Резултат со кој се замина на одмор.
Во вториот дел погодиме уште четири пати, примивме еден погодок на тој нчин триумфирајќи со 8-1. Погоди уште два пати Ристиќ, уште по еднаш стрелаа Илиќ и Пацевски.
Вардар (2) имаше предност во мечот против Форца 2, сепак за жал беше поразен во ова соочување од детската лига. Ние најпрвин поведовме со голот на Лозанов Давид кој стрелаше умешно за водство со 1-0.Ривалот успеаа да направи пресврт уште во првиот дел и со три гола поведе со 3-1, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел се трудевме но не успевме да намалиме. Противникот, тимот на ФК Форца-2 дојде до победа со резултат 4-1 на овој дуел.