Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Милосављев: Веќе размислуваме за следните важни натпревари
Парондо и Милосављев: Веќе размислуваме за следните важни натпревари

Парондо и Милосављев: Веќе размислуваме за следните важни натпревари

Вечерва не очекува  натпревар во СЕХА-лигата, Вардар гостува во Нашице, кај екипата на Нексе. И двете екипи веќе имаат обезбедено пласман на завршниот турнир, па без оптеретување ќе го дочекаат овој дерби дуел.  Тренерот на црвено-црните, Гарсија Парондо истакна дека мислите се насочени кон следните важни натпревари.

-Двете екипи веќе обезбедивме пласман на завршниот турнир и ќе играме без притисок. Верувам дека така гледачите ќе видат убав натпревар. Веќе мислиме на осминафиналето во Лигата на шампионите и Ф4 на СЕХА лигата. Имаме голем респект кон Нексе и покрај послабите резултати во последно време.

Свое видување даде и голманот Милосављев кој истакна дека Вардар на секој меч оди на победа.

-Верувам дека ќе одиграме подобро против Нексе, отколку што тоа беше случај со Мешков. Веќе размислуваме зза некои важни натпревари кои се пред нас, па затоа можеби имаше опуштања во нашата игра. Сепак нашата цел е да се победи на секој меч, па таков пристап ќе имаме и на дуелот против Нексе.