Пионерите на ракометниот клуб Вардар славеа вечерва на гостувањето кај Аеродром, во рамките на 12.коло од групата 1 во пионерската лига.
Го отворивме добро натпреварот кога победовме со 0:3, за домашниот тим да постигне два гола во серија и да го намали резултатот на 2:3. Беше и 3:4, но избраниците на Петковски и Бисинов имаа добри минути, кога не му дозволија на противникот да ја пробијат нивната одбрана, додека во нападот погодувавме од различни позиции. Тоа ни донесе серија од 0:5, за да поведеме со највисоки 3:9. До крајот на првиот дел, Аеродром намали на 4:9, резултат со кој се замина на одмор.
Многу бргу во вториот дел ги решивме сите дилеми околу победникот, кога стигнавме до двоцифрена предност од 5:15. Разликата во квалитет беше очигледна на страната на вардарци, а тренерот Петковски им даваше шанса за настап на сите ракометари. Најмногу што успеа да намали противникот е беше шест гола негатива (11:17), но Вардар повторно отиде на голема разлика, за на крајот да слави со конечни 13:21. Ова беше вкупно осма победа сезонава за пионерите на Вардар.
Никола Анакиевски постигна 4 голови, додека по 3 беа дело на Виктор Трифуновски и Матеј Трајановски. Мартин Сипковски, Александар Стојменов и Христијан Петковски беа стрелци на два гола, додека по еден постигнаа Ѓорѓи Спасовски, Марио Стојановски, Давид Славевски, Кирил Симоновски и Андреј Петрушевски.