Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се изнапромаши во второто полувреме па загуби во дербито со Нексе
Вардар се изнапромаши во второто полувреме па загуби во дербито со Нексе

Вардар се изнапромаши во второто полувреме па загуби во дербито со Нексе

Вардар со втор последователен пораз во СЕХА-лигата, откако вечерва загуби од екипата на Нексе.

На првиот гол Нексе чекаше пет минути, додека својот втор гол го постигна дури во 10.минута од мечот за да намали на 2:4, откако претходно Вардар влезе во серија од три последователни голови, од кои два беа дело на Фереира и еден на Чупиќ. Милосављев добро започна на голот, одбрани два удари на противникот и веднаш ја нарави разликата на семафорот.  Домашниот тим успеа во 17.минута од мечот да го донесе и второто израмнување (6:6), кое беше последно во првото полувреме. Благодарение на головите на Чупиќ од седум метри и на Дибиров, повторно избраниците на Парондо имаа два гола предност. Домаќинот пружаше силен отпор, на пет минути пред истекот на првото полувреме стигна до еден гол негатива 9:10, но Вардарци за три минути постигнаа набрзина три погодоци и во 28 минута за прв пат имаа водство од четири гола разлика (9:13). Шанса во одбраната доби и Дејан Кукуловски, кој одлично ги одработи минутите кои му ги додели тренерот Парондо. Нексе намали на 11:13, но Вардар преку Кристопанс зголеми на 11:14, резултат кој беше актуелен на полувреме, иако имавме и напад од 10 секунди кој не го реализиравме, односно голманот Цар му одбрани удар на Војводиќ во последните секунди. Нашиот чувар на мрежата повторно е блиску да заврши со двоцифрен број на одбранети удари, откако по првото полувреме имаше 7 успешни интервенции.

Во вториот дел на десната крилна позиција шанса доби Мартин Поповски, кој набрзина го постигна својот втор гол, со кој Вардар за прв пат стигна и до четири гола разлика (14:18) во 39 минута од натпреварот. Сепак Нексе постигна два гола, а можеше лесно да стигне и до еден гол негатива, но Милосављев одбрани зицер удар. Нашиот состав влезе во лош период од шест минути без гол, а чиста ситуација не успеа да реализира Кисељев, па на семафорот се уште стоеше 16:18, а Војводиќ беше играчот кој ја прекина лошата серија. Благодарение на деветтата одбрана на Милосављев, го задржавме водството од еден погодок, но Вардар повторно е неефикасен во нападот, а Нексе во 50 минута стигнува до израмнување 20:20. Вардар за 13 минути постигна само два гола, и тука беше причината Нексе да го внесе мечот во неизвесност. Прва предност за Нексе на овој дуел, откако Јагањац погоди за предност од 21:20, а Милосављев брани нов зицер и спречи два гола позитива за противникот, додека неверојатно Вардар е 9 минути без погодок, а Поповски погоди конечно за израмнување. Чудо што само вардаровите играчи не успеаа да реализираат, а Морено Цар е херојот за домаќинот. На крајот Нексе слави победа со резултат 24:21.

Не помогнаа ниту 13 одбрани на Милосављев, додека по 3 гола кај Вардар постигнаа Дибиров, Поповски, Фереира, Чупиќ и Војводиќ.