Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Го чекаме крајот на овој дел од СЕХА, за да почнеме да мислиме на Ф4-турнирот
Парондо: Го чекаме крајот на овој дел од СЕХА, за да почнеме да мислиме на Ф4-турнирот

Парондо: Го чекаме крајот на овој дел од СЕХА, за да почнеме да мислиме на Ф4-турнирот

Вардар го претрпе и четвртиот пораз оваа сезона во СЕХА-лигата, откако загуби на гостувањето кај екипата на Нексе, во рамките на 17.коло. Нашиот состав имаше голем пад во последните 20 минути од мечот кога успеа да постигне само три гола, што беше главната причина за конечниот пораз од 24:21. На прес-конференцијата, тренерот Парондо истакна дека ова е тежок период за неговите играчи со многу наттпревари, но и дека Нексе одиграл многу добро.

-Нексе одигра доста добар меч, посебно во второто полувреме. Нивниот голман беше фантастичен. Го чекаме крајот на овој дел од СЕХА, имаме уште еден натпревар во вторник, па веќе ќе почнеме да мислиме на Ф4-турнирот. Би сакал да им честитам и на моите играчи за играта, затоа што зад себе имаат тежок период, со многу натпревари.

Свое видување за дуелот даде и Војводиќ.

-Одигравме добар натпревар, во убава атмосфера. Мечот мина во динамично темпо. Го загубивме фокусот во последните 15 минути. Истовремено, немавме и многу играчи на располагање, но тоа не треба да ни е алиби. Му посакувам на Нексе многу успех во иднина.