Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Будимир Вардар и РК Кале со по една победа во женските дуели вчера во Јуниор лигата
РК Будимир Вардар и РК Кале со по една победа во женските дуели вчера во Јуниор лигата

РК Будимир Вардар и РК Кале со по една победа во женските дуели вчера во Јуниор лигата

Вчера во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје се одигра вториот натпреварувачки ден од Јуниор лигата за овој викенд. Кај дамите се играа две средби во која тимот на РК Будумир Вардар по голема борба и со пресврт го победи тимот на РК Кале од Кичево. Потоа, РК Кале Вардар по голема битка во втората средба го совлада РК Драчево.

Скопските дами на оваа средба дојдоа до победа со два гола позитива односно со резултат 10-8. Најпрвин тимот  од Кичево водеше со 1-2, а потоа и и со 3-2 тоа беше нивното последно водсто. Екипата на Будимир успеа во финишот на првиот дел да постигне резултатска симетрија па на одмор заминаа со резултат 4-4 на семафорот во “Јане Сандански“ .

bu3

Првото водство во вториот дел дојде по првиот напад за скопската екипа кога поведе со 5-4. Од тој момент па се до крајот истото не го испуштаа, во последните минути влегоа со гол позитива, 9-8. Успешно се одбранија, а пак погодија уште еднаш за да ја заверат победата со два позотива, 10-8. Кај победникот Стефанија Ристиќ имаше 4 гола, по два имаа Галена Димчевска и ЃеогиескаСара Стојановска и Симона Дамјановска кај Кале погодија по три пати.

bu2

Во втората екипата на РК Кале Вардар од Кичево по голема борба го совлада тимот на РК Драчево. Дуелот почна со четири нерешени резултати, беше 1-1, 2-2, 3-3 па на крајот 4-4.  Кичевчанки се одлепија на плус три со серија 3-0 поведоа со 7-4, девојките од скопската екипа вратија со иста мерка за изеднаување 7-7 пред одморот.

Во вториот дел повторно имаше се играше гол, едниот тим поведуваше со погодок другиот веднаш изедначуваше се до 10-10. Тимот од Кичево беше поуспешен во последните минути и успеја да победи со 12-11.