Вардар и Гостивар одиграа без победник (0:0) во дербито на 24.коло во ВМФЛ. Иако црвено-црните имаа теренска контрола на играта и иницијатива, па и играч повеќе од 38 минута, сепак не видовме погодок до крајот.
Во првото полувреме за одбележување се по една голема шанса на двете страни. Во 22.минута Гостивар преку Рамадани имаше можност да го отвори резултатот, но Гачевски со одлична интервенција спаси негатива за својот тим. Во 45.минута, Вардар преку Десниќ кој биеше со глава после центар шут од Николовски, но од гол линијата исфрли еден од противничките играчи за да спречи водство на Вардар. Во 38.минута директен црвен картон во редовите на гостинската екипа, за Стојан Стојчевски, кој направи остар прекршок после продор на Размоски од десната страна, по што главниот судија му покажа црвен картон. Во 40.минута се закани сериозно Глишиќ од слободен удар, за малку топката отиде над голот. На полувреме, резултатот беше оној почетниот 0:0.
Прва директна закана во вториот дел имаше Вардар во 57 минута, со глава биеше Цветаноски после изведен корнер на Николовски, но се уште нема промена на резултатот. Избраниците на Грнчаров продолжија со теренската иницијатива, после една акција, од 25 метри силно и прецизно биеше Јусуфи, но голманот на Гостивар успеа да одбрани. Се закани и Гостивар преку Ѓурѓевиќ во 66 минута, но Гачевски не дозволи изненадување. Повторно Вардар се закани после изведен корнер, но Десниќ со глава бие над голот. Иако се обидувавме да направиме посериозна шанса за погодок, сепак Гостивар успеа да се одбрани до крајот и да освои бод. Конечниот резултат гласеше 0:0. Тренерот Грнчаров во вториот дел направи неколку измени, кои неа беа доволни да се стигне до три бода.