На денешниот натпревар против екипата на Гостивар, почесен гостин беше Андон Дончевски, најдобриот стрелец во историјата на Вардар.
Дончевски доби симболични подароци од клубот и навивачката група кои ги симболизираат вкупниот број на голови на Дончевски за Вардар кои го прават најдобар стрелец во историјата на клубот и годината во која е формирана н.г Комити како и годината кога под неговата тренерска палка Вардар стана шампион на Југославија.
После натпреварот, играчите заедно со Дончевски, беа поздравени од популарните Комити кои и на овој натпревар му дадоа голема поддршка на својот миленик.