Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите триумфално кај РК Аеродром
Кадетите триумфално кај РК Аеродром

Кадетите триумфално кај РК Аеродром

Кадетите на Вардар како гости кај РК Аеродром дојдоа до победа. Момците на Зоран Петковски-Зенга триумфираа со  резултат 29-39.

Бевме рамноправни на почетокот  до резултатот 2-2, потоа следеа минути на црвено-црните. Противникот влезе во  лоша серија, тоа го искористи нашиот тим поведе со шест гола позитива, односно со резултат 4-10. По овој момент со умна игра гол за гол ја чувавме предноста, на одмор заминавме со резултат, 11-17.

Успеавме со серија 0-4 да тргнеме во вториот дел, па дојдовме до двоцифрена позитива, 11-21. До крајот немаше кај ривалот  сили за нешто повеќе, бевме подобри  со резултат 29-39.

Кај нас со 16 гола убедливо најдобар беше Томислав Стаменов.