Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победа за РК Вардар на гостувањето кај Бутел
Победа за РК Вардар на гостувањето кај Бутел

Победа за РК Вардар на гостувањето кај Бутел

Екипата на РК Вардар денес славеше на гостувањето кај екипата на Бутел (24:30) и ја продолжи борбата за освојување на Шампионската титула.

Вардар уште од стартот наметна силно темпо на игра и поведе со 1:4, а како одминуваше натпреварот ја зголемуваше предноста која во еден момент достигна и седум гола разлика. Во овој дел од мечот одличен на голот беше Борко Ристовски кој имаше шест одбрани. Екипата на Бутел заигра подобро, па до крајот на првиот дел успеа да го намали резултатот и на одмор да замине со достижна негатива од 14:18.

Последната резултатска неизвесност на натпреварот, беше кога домашниот тим се доближи на три гола негатива, но Вардар се пробуди и не дозволи натпреварот да тргне до непосакуван правец. Во вториот дел на голот беше и Васил Гогов кој натпреварот го заврши со 7 одбрани, додека денес на голот го немаше Мартин Томовски. На крајот, победа за вардарци со резултат 24:30.

Филип Талески и Гоце Георгиевски постигнаа по 5 гола, додека Јан Чувара имаше 4 погодоци. Ова беше четврти триумф сезонава за Вардар, во соочувањето со РК Бутел.