Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар и понатаму ,,виси”
Вардар и понатаму ,,виси”

Вардар и понатаму ,,виси”

Овие пет дена се одлучувачки за судбината на најтрофејниот фудбалски клуб, Вардар.

Понеделник помина неуспешно. Денешниот ден засега не дава позитивни сигнали, па остануваат уште само три дена во кои Управата на ФК Вардар ќе мора да ги подмири долговите, во спротивно ќе следува нова забрана за излез во Европа и добивање на сигурни 750.000 евра за две кола (едно во ЛШ, па едно во Лига Европа), а сумата може да се зголеми ако се помине една рунда и до милион и повеќе.

,,Вардар Фанс” исконтактира и дел од фудбалерите на нашиот тим, кои велат дека немаат никакви информации и дека се надеваат на позитивен епилот и ,,гол во 90. минута”.

Останува да сочекаме и ние самите и да се надеваме на позитивен епилог и добивање лиценца за настап во квалификациите, па потоа сите заедно да се подготвуваме за ново, се надеваме, незаборавно фудбалско лето.