Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со одличен старт на турнирот во Златибор, без победник на дуелот со Удинезе
Кадетите на ФК Вардар со одличен старт на турнирот во Златибор, без победник на дуелот со Удинезе

Кадетите на ФК Вардар со одличен старт на турнирот во Златибор, без победник на дуелот со Удинезе

Кадетите на ФК Вардар одиграа одличен прв натпревар на турнирот “Куп на Пријателство“, кој денес стартуваше во Златибор (Србија). Црвено-црните за противник ја имаа екипата на Удинезе од Италија, со која одиграа со нерешен резултат 1:1.

Вардар: M.Велковски, Наумчески, Ѓурковски, Тасев, Радевски, Талески, Димоски, Адем, Бериша, Благојевиќ, Д.Велковски.

Истиот резултат беше актуелен и по првото полувреме. Најпрво Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 во 16 минута, со погодокот на Али Адем. Сепак до крајот на првиот дел, или во 33 минута од мечот противникот успеа да го врати голот, откако им беше досуден казнен удар од белата точка. Истиот успешно го реализираа и израмнија на 1:1. Во вториот дел и двете екипи имаа свои шанси, но мируваа мрежите на двата гола.

Ова е одличен резултат за нашите надежи, кои одиграа одличен натпревар, а посебно се истакна голманот Велковски Методија, кој одбрани неколку добри удари на италијаните. Во текот на утрешниот ден го играме второто коло на турнирот, а противник е екипата на Еспањол.