Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Александар Грашески: Признанието за најдобар стрелец ми дава поттик да продолжам со добрите игри и резултати, уште еднаш со Вардар покажавме дека сме најдобри во Македонија
Александар Грашески: Признанието за најдобар стрелец ми дава поттик да продолжам со добрите игри и резултати, уште еднаш со Вардар покажавме дека сме најдобри во Македонија

Александар Грашески: Признанието за најдобар стрелец ми дава поттик да продолжам со добрите игри и резултати, уште еднаш со Вардар покажавме дека сме најдобри во Македонија

Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година трета последователна година успеаа да го освојат трофејот во детската лига. Во големото финале црвено-црните успеаа да го совладаат тимот на Фер Плеј од Охрид. Момчињата на Томче Трајановски одиграа напорна и одлична сезона, а во регуларниот дел се натпреваруваа и со повозрасни екипи, составени од играчи, родени “2006“ година. По одигрување на финалните натпревари, покрај трофејот и медалите, се доделуваа и поединечните награди. За најдобар стрелец кај генерација “2007“ беше избран “виртуозот“ Александар Грашески, а наградата лично му ја врачи, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски. Грашески е генерациски роден “2008“ и беше најмлад играч во составот кој го предводеше Трајановски. Дојде во Вардар како еден од најталентирани играчи на младинските турнири, на кои освои многу медали и награди. Ја одигра својата втора сезона во црвено-црниот дрес и стигна до нов трофеј со Вардар. Следново наше интервју е токму со Грашески, кое моежте да го прочитате во продолжение од текстот.

vardarfans-naslovna-2-660x330

1. Ова за вас е втор трофеј со Вардар во детската лига, дали кога преминавте во овој клуб верувавте дека за кратко време веќе ќе имате два златни медали во црвено-црниот  дрес ?

-Пред се сакам прво да ја поздравам вашата редакција, која не пратеше на натпреварите во текот на целата сезона. По освојувањето на првиот трофеј, и превземањето на нашата генерација од страна на тренерот Томче Трајановски, веднаш почнавме интензивно со припреми и тренинзи за претстојното првенство во детската лига ФФМ 2017/201. Верував во тренерот Томче и во моите соиграчи дека повторно ке го одбраниме трофејот со што на крајот и се потврди.

34344571_1702150433165129_2559962411503190016_n

2.Во регуларниот дел на лигата имавте можност оваа сезона да се натпреварувате во повозрасната група и да играте против екипи кои се генерациски родени “2006“ година. Со оглед дека вие сте генерациски роден “2008“ ,дали беше очигледна разликата на теренот во години и колку ви беше тешко да се носите во дуелите со противничките играчи ?

-Секако ова за мене беше голем предизвик да се натпреварувам со постара генерација, но благодарение и подршка од страна на тренерот Томче успеавме да се носиме со екипи и постари од нас. Разликата не беше очигледна и размерно голема, бидејки во текот на целата сезона немавме ниту еден пораз.

3. Имавте можност да настапите на два меѓународни турнири, оној во Бугарија каде завршивте на 4 место и оној во Загреб каде стигнавте до 1/4. Како ги виде тие турнири, кој според вас беше поквалитетен и посилен и дали има споредба со мечевите кои ги одигравте таму, со тие во детската лига во Македонија ?

33672872_2045722458794314_103220472283398144_n1-660x330

-Меѓународните турнири на кои имавме учество и добри резултати, во споредба на академиите од дргугите држави сме чекор до нив и во нареднава сезона со новиот тренер Филип Деспотовски ке се сконцентрираме и припремаме за меѓународни трофеи. Разликата во квалитетот е минимална и слободно може да се носиме со нив.

4. После пристигнувањето од турнирот во Загреб веќе истиот ден стартувавте со елиминациски мечеви за пласман на завршниот турнир во детската лига. Дали беше очигледен заморот кај вашата екипа, против Албион имавме негатива, па со пресврт се вративме и победивме. Како се носевте со заморот, и дали имаше притисок кај вас како генерација дека претходно два пати бевте шампиони на Македонија ?

-Поради исцрпувачките натревари во Загреб секако дека почуствувавме замор, меѓутоа желбата за освојување на трофејот на ФФМ со голема подршка на тренерот ни даде сила, да може да ги издржиме натпреварите на завршниот дел од лигата. Секако дека беше тешко, но верувавме во себе, а сето тоа на крајот ни се врати со освојување на првото место.

34399644_1702145556498950_6763664358292586496_n

5. На завршниот турнир во 1/4 го имавте можеби најтешкиот противник, екипата Шкендија од која имавме негатива од 1-3, па следеше голем пресврт. Што беше пресудно за тој магичен пресврт со 4 голови, дали зборови некои и совети од тренерот, или дали кај вас како екипа проработе инаетот дека морате да покажете дека сте најдобри, со оглед дека покажавте голем карактер во тоа второ полувреме ?

-Резулататот што беше во првото полувреме против екипата на Шкендија беше “данок“ на замор од предходните натпревари во Загреб, но тренерот Томче и дресот на ФК Вардар кој го носиме ни даде сила да се вратиме во игра. Успеавме да направиме голем пресврт и со победа да докажавме дека сме најдобри во оваа возрасна генерација. 

216

6. На завршната церемонија добивте награда за најдобар стрелец. Дали го очекувавте ова признание, дали е прво за вас, колку во значи и што истото претставува ?

-Да, го очекував ова признание за најдобар стрелец на завршниот турнир, оваа сезона имам постигнато околу 40 голови на натпреварите во детската лига. Не ми е прво признание, имам претходно неколку награди за најдобар стрелец и играч. Ова признание ми дава поттик да продолжам со добрите игри и резултати во мојата играчка кариера.

34394237_10212141322750500_596841282656010240_n

7. Со оглед дека вие сте изведувач на пеналите во Вардар, тоа е многу голема одговорност за еден играч, а токму тренерот Трајановски ви ја додели на вас како најмлад во неговата генерација. Дали Аце чуствува притисок при изведување на истите, дали секогаш ги изведува со различна тактика и претходно веќе во главата имате каде ќе оди ударот ?

-Тренерот Томче ми ја довери оваа голема одговорност да изведувам пенали во клучни моменти од натпреварите познавајки ги моите шутирачки способности. Притисок и трема не постои, а што се однесува до изведувањето на пеналите тактиката ја менувам зависно од конституцијата на голманите.

8. За крај на интервјуто колку ја оценувате оваа сезона успешна, прво за вашиот тим, а второ за вас лично. Дали сметаш дека напредувавте како екипа и како играч и какво е влијанието и заслугата на тренерот Трајановски за вашиот напредок ?

34201288_1702706709776168_3693365304089378816_n

-Сезоната ја завршивме успешно, заедно со мојот тим напредувајки со тренерот Томче Трајановски кој неуморно работеше со нас во текот на целата сезона. За крај ја користам приликава да ги поздравам сите мои соиграчи од ФК Вардар, од генерација 2007 и неуморната подршка од моето семејство.

Звонко Ивановски