Пикерот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира со репрезентацијата на Бразил се натпреварува на Јужноамериканските игри, кои се одржуват во Боливија.
Бразилците во групната фаза немаа рамноправен противник и лесно ги добиваа мечевите. Беа совладани селекциите на Перу (50:12), потоа домашната репрезентација на Боливија (50:5) и во последното коло, “кариоките“ беа подобри од Чиле, славејќи со резултат 39:30.
На овие три меча, Фереира беше еден од најдобрите стрелци на Бразил и успеа да постигне вкупно 16 голови, најавувајќи дека ќе биде еден од адутите на својата репреззентација во борбата за првото место на ова натпреварување.