Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар кај генер. “2006“ ја победи Форца и се пласираше на завршниот турнир во детската лига
Вардар кај генер. “2006“ ја победи Форца и се пласираше на завршниот турнир во детската лига

Вардар кај генер. “2006“ ја победи Форца и се пласираше на завршниот турнир во детската лига

Вечерва на терените на ФФМ се одиграа четврфиналните натпревари во детската фудбалска лига, кај генерацијата родени 2006 година, во скопско-кумановскиот регион.

Екипата на Вардар (1) предводена од Филип Арсовски успеа да се пласир на звршниот турнир, откако во тежок натпревар ја победи екипата на Фора. Првиот удар кон еден од головите го имаше Марко Николовски, но топката заврши покрј противничкиот гол. Врати на спротивната страна и Форца, еден од нивните играчи продре од левата страна, упати удар кој заврши близу стативата од голот на Вардар. Уште еднаш се обиде Форца, со глава од нафрлена топка која оди над нашиот гол. Кај Вардар обиди, но ништо посериозни имаа Сековски и Танчев, удари кои беа лесен плен за голманот на Форца.

vardarfans-3

Можеби најубавата шанса ја имавме преку капитенот Сековски, кој од десната страна се ослободи од еден од противничките играчи, имаше отворен простор силно биеше, но топката за малку покрај голот на противникот. Играта на теренот се ражтеши, а Форца имаше период кога доминираше на теренот. Во овој дел од натпреварот, наш херој беше голманот Андреј Данстак, кој спаси неколку тешки удари. За одбележување е промашениот пенал на Форца, откако Вардар направи три корни. Данстак како да ја допре малку топката, доволно да заврши во стативата од неговиот гол. Форца не се повлече, напротив напаѓаше константно кон нашиот гол, имаа и уште една погодена пречка. Сепак до крајот на првиот дел успеваат да ја затресат нашата мрежа и на полувреме да заминат со водство од 0:1.

vardarfans-2

Вардарци во вториот дел како одминуваа минутите полека се соземаа и покажаа дел од играта која ги красеше во текот на регуларниот дел од сезоната. На голема радост на црвено-црните израмни стоперот Галевски, за резултат 1:1. Сепак и физичката подготовка можеби дојде до израз во второто полувреме. примениот гол како психички да ги обезхрабри Форца, кои имаа голем пад во играта. Вардар тоа го искористи, но ние сме сепак екипа која игра до самиот крај. Наградата дојде кога, Дарко Сековски со глава при упатен центаршут од десната страна, небранет од никого ја смести топката во противничката мрежа, што значеше водство за Вардар од 2:1. Избраниците на Арсовски беа решени да постигнат уште еден гол и да не дозволат резултатска неизвеснот до самиот крај. Откако имавме во тие моменти поголем дел од играта, противникот направи три корни, а тоа беше знак за судијата да покаже на белата точка, Сигурен реализатор на пеналот, беше капитенот Сековски кој погодува за водство од 3:1. Овој резултат беше и конечен на крајот.

vardarfans-1

На тој начин Вардар (1) успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир во детската лига, кој на програмата е во среда и петок.