Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ја совлада Јагелонија со (2-0), деби натпревар и гол за Барсегјан!

Вардар ја совлада Јагелонија со (2-0), деби натпревар и гол за Барсегјан!

Вардар го одигра и третиот натпревар на летните подготовки. Денеска совладан беше полскиот тим на Јагелонија со резултат 2-0 (1-0). Головите за Вардар ги постигнаа: Фелипе во првиот дел, и новиот играч Барсегјан во второто полувреме. Натпреварот се одигра 2 пати по 60 минути. Вардар започна во следниот состав: Пачовски, Брдаровски, Новак, Мијушковиќ, Попов, Глигоров, Николов, Хамбарџумјан, Фелипе, Петковски, Обрегон. Резерви беа: Алексовски, Грнчаров, Глишиќ, Спировски, Д. Велковски, Грозданоски, Љамчевски, Балотели, Барсегјан, Гачевски (голман), В. Велковски и Којашевиќ.

Првиот дел се играше 60 минути, а ништо возбудливо не се случуваше на двете страни во поголемиот дел од играта. Фелипе имаше убава можност за гол во 13 минута, но неговиот удар заврши над голот на противникот. Потоа во 18 минута Вардар имаше уште една полушанса да го загрози голот на Јагелона, но и таа шанса мина без големи водбудувања. Се до 38 минута речиси и ништо значајно да не се случуваше на двете страни, во 39 минута противникот имаше убава можност да го загрози голот на Пачовски но ударот на еден нивни играч заврши крај голот. Во 43 минута противникот имаше уште една шанса, но млако по земја биеше еден нивни играч. Пред крајот на првиот дел, во 54 минута Фелипе постигна погодок и го донесе во водство нашиот тим со 1-0. Во 59 минута Попов изведе слободен удар од 30-сетина метри, но биеше само по средината на голот на противникот. Првиот дел заврши со резултат  1-0 за нашиот тим.

Во вториот дел Вардар го измени речиси целиот состав. Во 62 минута Велковски се закани, но биеше ниско поземја. Во следната акција Јагиелонија имаше добра шанса за гол, но еден играч на нивниот тим биеше покрај нашиот гол. Со број 30 во нашиот тим влезе во игра во вториот дел и новиот играч, ерменецот Тигран Барсегјан. Потоа Грозданоски на додавање на Грнчаров имаше одлична шанса за нов гол, но неговиот удар го одбрани голманот на Јагелонија. Потоа и Балотели се најде во шанса, излезе еден на еден со противничкиот голман, но си даде предолг фор и пропадна и оваа шанса. Гооол, Вардар поведе и со 2-0, новиот играч на Вардар Тигран Барсегјан во 85 минута одзеде една топка, излезе очи во очи пред противничкиот голман, и со мајсторски лоб удар го матираше за 2-0.  Со овој резултат и заврши натпреварот. Честитки за победата до нашите играчи.