Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Билетите по цена од 100 денари, со полни трибини, до исполнети срца!
Билетите по цена од 100 денари, со полни трибини, до исполнети срца!

Билетите по цена од 100 денари, со полни трибини, до исполнети срца!

Од ФК Вардар денеска официјално излезе соопштение по повод натпреварот против Динамо Загреб. Натпреварот во Скопје и дефинитивно ќе биде одигран на 12-ти (вторник) со почеток во 20 часот и 45 минути на националната арена Филип II. Од ФК Вардар информираат дека билетите ќе се продаваат преку продажните места на Тикет Плус, како и онлајн преку интернет страната на ticketplus.mk. Сите кои сакаат да го следат Вардар, тоа ќе може да го сторат веќе од од 1 јули па се до 6-ти, кога  билетите ќе се пуштат во продажба и цените на билетите ќе бидат по екстра ниска цена, од само 100 денари. А по 6-ти, цените на билетите ќе бидат по 200 денари.

На 12 јули, сите патишта водат кон арената „Филип Втори“.

Да го обоиме Градски во “‘црвено – црна” боја! 

Македонија навива за Вардар! 

Со полни трибини, до исполнети срца!