Видео, вака Комити пред три години ги запоседнаа скопските улици кога се играше возвратен натпревар од квалификациите за Лигата на Шампионите. По тој меч, голем дел на играчите на Бате Борисов изјавија дека е вистинско уживање да се игра пред таков амбиент кој ретко се слуша. Прекрасната атмосфера од улиците се преточи на западната трибина, тоа беше спектакуларен меч. Останува да видиме во какво издание ќе се покажеме на мечот со Динамо Загреб. Најверојатно најверните повторно ќе се собираат пред Соборниот Храм ќе тргнат и со кортео ќе се тргне кон нашиот стадион. (се очекува после официјализирање на терминот навивачите да ја објават својата програма како и секогаш).
Вжештената атмосфера продолжи и на стадионот, односно запад каде Комити ја имаат главната улога.