Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Титулата се “насмевнува“ , Блажевски погоди за победа и девет бода предност пред Шкендија

Титулата се “насмевнува“ , Блажевски погоди за победа и девет бода предност пред Шкендија

Попладнево на градскиот стадион во Тетово се одигра натпревар во рамките на првата Македонска фудбалска лига. Во него се сретнаа домашниот тим на Ренова и лидерот, екипата на Вардар. По неколку години без победа на теренот на противникот, црвено-црните конечно ја прекинаа лошата традиција и славеа минимално со резултат 0:1. Дејан Блажевски во 73 минута донесе три бода за својот тим.

Тренерот Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Брдаревски, Грнчаров, Новак, Демири, Глигоров, Николов, Фелипе, Боарето, Петковски, Барсегјан.

Првите десет минути поминаа во испитување на почетните сили и без поконкретна акција на двете екипи. Првите обиди ги имаа Вардар и тоа во една минута за нашиот напаѓач Боарето. Најпрво продре од левата страна упати удар кој беше блокиран од одбраната на Ренова. Истиов играч по само 30 секунди се обиде од некаде 25 метри да шутира, но само во рацете на добро поставениот голман на домашниот тим. Црвено-црните имаа блага иницијатива,  следен кој се обиде беше Барсегјан во 18 минута од мечот кој шутира безопасно далеку од голот на Ренова. Противникот речиси и да не се закани кон голот на Гачевски во овој дел од натпреварот. Најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Вардар. Се играше 23 минута кога Барсегјан беше одлично проигран од Демири, ерменецот биеше но повторно на вистинското место е голманот на Ренова. За одбележување е првиот директен удар кон нашиот гол, кога во 34 минута се обиде Садики, но топката завршува во рацете на добро поставениот Гачевски. Во последните 11 минути од првото полувреме се играше мирно, без поголема опасност кон еден од двата гола. На одмор се замина со почетниот резултат 0:0.

На стартот на второто полувреме беше направена првата измена во нашиот состав. Во игра влезе Џигаури на местото на Петковски. Во првите 15 минути без поголеми возбудувања на двете страни. Во 64 минута втора измена во нашите редови, играта ја напушта Боарето, а на негово место во игра е Блажевски. Најголемата шанса во овој дел од натпреварот ја имаше централниот дефанзивец, Украинецот Новак кој со глава биеше од изведен корнер, но голманот на Ренова со одлична интервенција спасува негатива за својот тим. Продолжија воздбудувањата и во следните минути од натпреварот. Најпрво во 72 минута Јусуфи го погоди десниот директ на Вардар, за  во 73 минута Блажевски да погоди со глава од корнер по нафрлена топка од Фелипе. Тоа значеше и водство за црвено-црните од 0:1. Во продолжение од мечот Ренова се обидуваше да стигне до израмнување. Во 79 минут имаше една мешаница во нашиот голмански простор, кој успешно ја отстрануваат нашите играчи. Во 82 минута ја направивме и последната измена, влезе Спировски на местото на Барсегјан. Во 84 минута голема шанса имаше Гафури, кој за наша среќа не ја зафати топката како што посакуваше, која беше лесен “плен“ за Гачевски. До крајот на натпреварот немаше некои возбудувања и мечот заврши со победа на Вардар од 0:1.

Истовремено на градскиот стадион во Скопје се играше дербито помеѓу Работнички и Шкендија. Овој дуел им припадна на романтичарите кои славеа минимално со 1:0. Така по одигрување на ова коло бодовнат разлика меѓу Вардар и Шкендија се зголеми на девет бодови предност за скопските црвено-црни.