Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ракометарки на Вардар номинирани во изборот за најдобриот тим во ЛШ
Ракометарки на Вардар номинирани во изборот за најдобриот тим во ЛШ

Ракометарки на Вардар номинирани во изборот за најдобриот тим во ЛШ

И оваа сезона ,ЕХФ врши избор на најдобриот тим во женската лига на шампиони. Вкупно шест ракометарки се номинирани во изборот за Олстар тимот во најголемото ракометно натпреварување.

Во изборот за најдобар голман се најде Амандин Лејно. Андреа Лекиќ конкурира за позицијата среден бек, левото крило на Вардар и Норвешката репрезентација, Камила Херем е номинирана во изборот на оваа позиција. Јованка Радичевиќ се најде во изборот за најдобро десно крило, додека Андреа Пенезиќ ќе се обиде да биде најдобриот лев бек во лигата на шампиони. Во конкуренцијата за најдобри одбранбени играчи се најде нашиот десен бек, Александра Лакрабер.

Гласањето започнува од денес и трае се до 2-ри мај кога ќе биде избран најдобриот тим во лигата на шампионите. Да потсетиме дека минатата сезона во најдобриот состав се најде Јованка Радичевиќ, како најдобро дсно крило. Се надеваме дека оваа сезона ќе има повеќе ракометарки на Вардар во најдобрата седморка.

За ракометарките на Вардар можете да гласате на следниот линк ТУКА.