Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Куајнор на позајмица во Пелистер
Куајнор на позајмица во Пелистер

Куајнор на позајмица во Пелистер

Мустафа Куајнор сепак оваа сезона нема да заигра за тимот на Вардар. Новиот црвено – црн играч од Гана ќе замине на едногодишна позајмица во Битола кај тимот на Пелистер.

Мустафа Куајнор дојде ова лето во редовите на Вардар од тимот на Паское Веле, иако се чинеше дека ќе има место за него во тимот, сепак на крајот остана “вишок” во тимот. Вардар во овој момент на средината на теренот ги има Николов, Глигоров, Исени, Марковиќ и Дарко Велковски.

Инаку, Куајнор со тимот на Вардар потпиша договор на две години.