Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци рутински ја совладаа Локомотива и се пласираа во осминафиналето на купот
Вардарци рутински ја совладаа Локомотива и се пласираа во осминафиналето на купот

Вардарци рутински ја совладаа Локомотива и се пласираа во осминафиналето на купот

Очекувано екипата на Вардар се пласираше во осминафиналето од националниот куп, откако денес на теренот во Карпош ја совладаа екипата на Локомотива. Иако настапивме без деветмина стандардни играчи кои имат обврски со своите национални репрезентации, црвено-црните немаа поголеми проблеми околу совладување на првата пречка во купот.

Сите дилеми околу победниот ги решивме по првите 40минути, кога имавме висока преност од 0:3. Дејан Блажевски прв ја затресе противничката мрежа со гол во 19 минута кога го отвори резултатот за водство од 0:1. Продолживме со иницијативата која вроди со плод и до крајот на првиот дел, најпрво погоди Исени во 30 минута, за на шест минути пред крајот на првиот дел, водството да биде зголемено на 3:0 со погодокот на Демири. 

Во второто полувреме, тренерот Јаневски комбинираше со составот, давајќи им шанса и на младинците Дејан Маркоски и Александар Трајчевски, како и на повратникот во екипата Горан Попов кој доби шанса да игра на овој натпревар. На пет минути пред крајот, Локомотива постигна почесен гол за намалување на 1:3, но Вардар до крајот на мечот погоди уште еднаш и тоа повторно гол на Бесир Исени, за конечен резултат од 1:4.

ВАРДАР: Алексовски, Грнчаров, Блажевски (61’ Трајчевски), Глигоров, Новак (46’ Попов), Демири, Глишиќ, Исени, Итало, Фелипе (46’ Маркоски), Брдаровски. 

Во текот на утрешниот ден во просториите на ФФМ ќе биде извлечена ждрепката за осминафиналните двојки во купот на Македонија.