Вардар се пласираше во осминафиналето од купот на Македонија, откако вчера на теренот во Карпот ја победија екипата на Локомотива и на тој начин ги продолжија настапите во ова натпреварување. Уште пред стартот на натпреварот, Вардар беше голем фаворит без оглед што недостасуваа голем број на играчи кои имаат обврски со своите национални репрезентации. Црвено-црните триумфираа со резултат 1:4, а во второто полувреме, тренерот Јаневски им даде шанса за настап на двајца играчи кои настапуваат за младинскиот состав на Вардар. Се работи за Александар Трајчевски и Дејан Маркоски. За нашиот впечатоците од победата во купот и од дебито во првиот тим оваа сезона ни ги сподели Маркоски кој го изјави следново:
-Помина се како што планиравме и заслужено одиме понатака во осминафиналето. Не беше лесно, но секој си ја одработи задачата на највисоко ниво. Благодарам за шансата пружена од страна на тренерот Јаневски. Од мојот настап можам да кажам дека сум солидно задоволен, секогаш може подобро, моја работа е да работам напорно и да го давам својот максимум за екипата. Ќе бидам подготвен во секое време за повик во првиот тим на Вардар.
Звонко Ивановски