Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар има можност за петти трофеј, за прв пат ќе се игра супер куп во ракомет
Вардар има можност за петти трофеј, за прв пат ќе се игра супер куп во ракомет

Вардар има можност за петти трофеј, за прв пат ќе се игра супер куп во ракомет

Екипата на РК Вардар сепак ќе има можност за петти трофеј откако ракометната федерација одлучи пред почетокот на секоја сезона да се игра супер куп. Така Вардар како шампион на Македонија но и освојувач на купот, во супер купот ќе игра против екипата на Еурофарм Работник која беше финалист во националниот куп, каде беа поразени токму од црвено-црните. Супер купот би требало да се одигра на 12-ти септември и тоа во спортскиот центар Јане Сандански и за прв пат ќе се одигра ваков меч во историјата на Македонскиот ракомет.

Минатата сезона овие две екипи се сретнаа три пати, два пати во рамките на супер лигата и еден во финалето на купот и на сите три меча Вардар излезе како победник. Составот на Раул Гонзалес новата сезона ја започнува со натпревар во СЕХА-лигата и тоа на гостувањето против екипата на Металург.