Црногорскиот репрезентативец Дамир Којашевиќ кариерата ќе ја продолжи во соседна Србија, а не како што се најавуваше во Полска во тимот на Јагелонија.
Новиот клуб на Којашевиќ е српска Војводина, крилниот играч и овој тим потпишаа договр во важност од една година.
“Вардар Фанс” му посакува многу успех и среќа во новата средина на Дамир и му се заблагодарува за се што направи за Вардар овие години.