Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Маркоски и Трајчевски со деби настап за Вардар
Маркоски и Трајчевски со деби настап за Вардар

Маркоски и Трајчевски со деби настап за Вардар

Тимот на Вардар лесно и убедливо го порази домашниот тим на Локомотива во рамките на 1/16 финалето во националниот Куп на Македонија. Вардар на овој натпревар одигра колку што е потребно, Јаневски на полувреме ги замени од составот едни од главните играчи како Фелипе и Новак. На овој Куп натпревар двајца млади играчи дебитираа за Вардар.

Дејан Маркоски и Александар Трајчевски го одиграа првиот меч во црвено – црниот дрес. Маркоски во игра влезе во 46. минута на местото на Фелипе, додека пак Трајчевски во игра влезе во 61. минута на местото на Блажевски. И двајцата оставија добар впечаток кај тренерот.