Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик и Милиќ во ТОП-10 најдобри голмански парови, во лигата на шампиони
Штербик и Милиќ во ТОП-10 најдобри голмански парови, во лигата на шампиони

Штербик и Милиќ во ТОП-10 најдобри голмански парови, во лигата на шампиони

Се ближи почетокот на новата натпреварувачка сезона во лигата на шампионите, а ЕХФ направи избор на најдобрите десет голмански парови за новата сезона во најголемото натпреварување. На оваа листа се најде и голманскиот тандем на Европскиот шампион, а тоа се Арпад Штербик и Страхиња Милиќ, кои го заземаат високото петто место на најдобри голмани. Ова ќе биде четврта сезона за Арпад на голот на Вардар, додека Страхиња ќе ја игра својата шестта сезона во црвено-црниот дрес.

Вака изгледа ТОП-10 листата на најдобри голмански парови во новата сезона на ЛШ:

1. Ландин/Волф ( Кил)

2. Омејер/Коралес (ПСЖ)

3. Перез Де Варгас/Ристовски ( Барселона)

4. Миклер/Алиловиќ ( Веспрем)

5. Штербик/Милиќ  ( Вардар)

6. Апелгрен/Палицка ( Рајн-Некар)

7. Андерсон/Молер ( Фленсбург)

8. Ивиќ/Шмал ( Киелце)

9. Жерард/Портнер ( Монпелје)

10. Сиера/Шего ( Пик Сегед).