Нема среќа ФК Вардар да се врати на Градски. Поради одредени причини, а и поради фактот што овој викенд ќе има санации на Градски, двете скопски екипи своите натпревари ќе треба да ги играат на други локации.
Па така, Вардар во сабота својот ривал Охрид ќе го пречека на стадионот во скопската населба Маџари, а Работнички ќе игра на терените на ФФМ.
Вардар требаше да се врати на Градски и да направи кам-бек што се вели, но и овој пат изостана тоа, па така ќе мора да игра на друг терен и да се ,,шета” низ Скопје.
Инаку, дуелот на Вардар и Охрид се игра в сабота со почеток од 16 часот.