Вардар остана без пласман на завршниот турнир во СЕХА-лигата, откако после изведување на седмерци загуби од екипата на Нексе.
Играчот кој девет години го носеше црвено-црниот дрес со успеси, освојувајќи голем број на трофеи, меѓу кои и две Европски титули, му даде поддршка на својот поранешен тим после елиминацијата од Нексе.
Дибиров на својот инстаграм профил напиша „главата горе момци“