ФК Вардар предводен од новиот стратег Никола Глигоров во сабота ќе ја пречека екипата на ФК Беса во рамките на петтото коло од ВМФЛ – Запад.
Дуелот на овие две екипи ќе биде одигран на стадионот во скопската населба Маџари. Минатиот дуел Вардар како домаќин го доби на овој стадион, па се надеваме дека така ќе продолжи и на саботниот дуел, на кој деби ќе има двоецот Глигоров – Таневски.
Инаку, дуелот на Вардар и Беса како што рековме ќе се одигра во сабота, со почеток од 15 часот.