Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го доби дербито со Воска и се врати на првата позиција на табелата, Комити за чиста 10-ка
Вардар го доби дербито со Воска и се врати на првата позиција на табелата, Комити за чиста 10-ка

Вардар го доби дербито со Воска и се врати на првата позиција на табелата, Комити за чиста 10-ка

Дербито на Македонија во Втората фудбалска лига му припадна на Вардар кој заслужено ја победи екипата на Воска Спорт со резултат 2:1 и се врати на лидерската позиција на табелата.

Вардар тргна силовито уште од стартот. Христов за малку не погоди по само неколку минути игра. Не се чекаше многу добрата игра на Вардар да биде  крунисана, па така со гол на Десниќ, Вардар дојде до 1:0. Потоа следуваше вистински фудбалски спектакл. Мицевски со удар од преку 25-метри феноменално го погоди голот и донесе висока и значајна предност од 2:0 со што се замина и на пауза. Во вториот дел, Вардар немаше среќа да дојде до 3:0. Една акција на домаќинот при удар на Христов заврши во дирекот од голот на гостинот. Кога се чинеше дека Вардар ќе приврши рутински, дојде едно невнимание и пенал за гостинот. Емини успешно погоди за 2:1. За среќа, до крајот на дуелот Вардар рутински доврши, а промаши и една нова 100% шанса за гол преку Маркоски.

Со оваа победа, Вардар се врати на врвот.