Денес на теренот во Бутел, натпревари од 5.коло во Регионалната Скопска Лига одиграа генерациите 2008 и 2009 кои гостуваа на екипата на Шкупи.
Генерацијата 2009 на Вардар го доживеа својот втор пораз сезонава, откако денес минимално со резултат 1:0 беа поразени од екипата на Шкупи. Моментот за конечниот победник се случи уште во 4.минута од натпреварот кога домашниот тим успеа да поведе со голот на Амети, кој на крајот се покажа како единствен гол на натпреварот.
Вардар имаше неколку обиди на овој натпревар, кои не беа некоја сериозна закана кон голот на противникот, додека мора да се потенцира добриот настап на нашиот голман, Лука Грчевски, кој денес имаше неколку добри интервенции и во неколку наврати спаси поголема негатива за својот тим.
Вардар: Лука Грчевски (К), Даниел Колевски, Максим Дошев, Павел Котески, Матеј Николов, Матеј Ристевски, Коста Бошковски, Давид Колевски, Лука Галевски, Мартин Смиљков и Андеј Јовиќ.
Во игра на натпреварот влезе и Михаил Божиновски.
Генерациите 2008 на Шкупи и Вардар одиграа со нерешен резултат 1:1 (0:0).
Вардар покажа многу повеќе од противникот на овој натпревар, но сепак на крајот освои само бод. Домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот за 1:0, додека црвено-црните успеаа да го израмнат резултатот на 1:1 со евро голот на нововлезениот Дамјан Блажев кој со силен и прецизен удар под пречката од некаде 18-сетина метри успеа да го матира домашниот голман и да донесе израмнување.
Бевме поконкретни на денешниот натпревар, а можеме да жалиме што ударите на Илија Митаноски и Христијан Јевтоски завршија во стативата од противничкиот гол. На крајот конечни 1:1 и поделба на бодовите на натпреварот од 5.коло во Регионалната Скопска Лига за повозрасни „петлиња“
Вардар: Павел Грбевски, Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Матео Кесиќ, Иван Ташовски (К), Илија Митаноски, Душан Бојовиќ Заев, Омер Идризи, Петар Блажевски, Данило Делев и Беким Дарлишта.
Играа уште и Дамјан Блажев, Дамјан Буцевски и Ендрит Кадрији.