Четата на Александар Васоски и официјално изминатиов викенд се промовираше во есенски шампион на Македонија со убедливата победа на гостински терен од 0:3 против Академија Пандев.
Есенската титула и осумте бодови предност (на едно коло пред крајот на календарската година) се исклучиво заслуга на одличните партии и победи на домашен терен, на Градскиот стадион во Скопје. Податоците велат, „црвено – црните” оваа есен имаат само еден пораз пред своите навивачи и тоа не на Градски, туку на теренот на ФФМ, каде го одиграа првото коло против Македонија ЃП, на кој загубија со 0:2.
Значи, слободно можеме да кажеме дека Вардар владее во својот дом и не може никој да му одземе три бодови. Очекуваме традицијата да продолжи и в недела против Шкендија, за затвaрање на есенската етапа и мирен „зимски сон”.