Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пахтакор прва пречка за Вардар во 2018
Пахтакор прва пречка за Вардар во 2018

Пахтакор прва пречка за Вардар во 2018

Кој е тимот на Пахтакор денешниот противник на Вардар? Пахтакор доаѓа од Узбекистан и важи за еден сериозен тим кој вреди нешто повеќе од 12 милиони евра.

Пахтакор оваа сезона заврши како третопласиран во својата прва лига со биланс од 18 победи, 5 нерешени и 7 порази, вкупно освои 59 бода што е за 11 помалку од шампионот, тимот на Локомотив Ташкент.

Пахтакор во својте редови има мал број на странски играчи, воглавно тимот се состои од играчи од Узбекистан. Интернационалци во овој тим се играчот од Бразил Тиаго кој има играно во турската прва лига, потоа Симиќ од Црна Гора кој минатата сезона настапувал за Ростов, младиот Канук од Израел и играчот од средината на теренот од Австралија Грифиц кој во кариерата има играно во Кина. Капитен на овој тим е 34-годишниот Таиев кој исто така има играно во кинеската лига.

Останува да видиме која екипа ќе биде подобра, дуелот започнува во 15-30ч по македонско време.