Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Четири години Самсоненко во ФК Вардар! Исполнета целта група во ЛЕ, домашни титули, добивме тренинг центар, академија за млади категории, очекуваме…
Четири години Самсоненко во ФК Вардар! Исполнета целта група во ЛЕ, домашни титули, добивме тренинг центар, академија за млади категории, очекуваме…

Четири години Самсоненко во ФК Вардар! Исполнета целта група во ЛЕ, домашни титули, добивме тренинг центар, академија за млади категории, очекуваме…

Денес, на 20 Јануари во 2014 година,  ФК Вардар преминува во приватна сопственост и целосно беше купен од страна на г-н Сергеј Самсоненко. По голем позитивен притисок од јавноста пред се онаа црвено-црната пред три години русинот реши покрај ракометниот машки и женски вардаров колектив да влезе и во фудбалскиот. Минаа четири години, а главното ветување покрај инфраструктурните, влез во група од европски куп се оствари оваа година. Токму во оваа сезона 2017/2018 година ФК Вардар првпат играше во групна фаза во ЛЕ.

Од како го доби црвено-црниот тим,  фудбалскиот колектив во свој посед од 21.11 пред три   го доби новиот супер модерен тренин центар во скопската населба Хиподром. Во истиот нашите фудбалери ги имаат сите потребни услови за тренинг и подготовки за фудбалските натпревари, повеќе немора да патуваат во периферните скопски населби за да одржуваат тренинзи. Покрај тоа отпочна изградбата на   академијата за дечиња до 12 години која  се изгради зад арената “Филип Втори“.

Полани на 14 мај свечено беше пуштена во употреба Фудбалската Академија на ФК Вардар наменета за фудбалерчиња на возраст од 6 до 14 години. Таа се наоѓа зад источната трибина на Арената “Филип втори“ и на неа   тренираат младите вардарови фудбалски надежи.  Овој мега-проект во кој е вложено 2.5 милиони евра немаше да ја види “светлината на денот“ доколку не беше желбата, идејата, финансиите и визијата на  господинот Сергеј Самсоненко, кој одржа говор на  на свечената церемонија на која го изјави следново за присутните :

9999999999999999

Пред сѐ и сакал да изразам благодарност до сите физички и правни лица, како и официјалните државни функционери и структури на Република Македонија, кои ни овозможија и помогнаа да го реализираме овој проект. Сите тие, постојано ни ја даваа нивната несебична поддршка во остварувањето сите спортски проекти. Благодарност изразувам и до дечињата кои тренираат во ФК Вардар, како и нивните родители, за покажанато разбирање и трпение, додека траше изградбата на Фудбалската Академија. Изминаа две години и три месеци, откако го превземав раководењето со ФК Вардар. Резултатите кои досега ги постигнавме, ви се добро познати. Ние уште на првата прес-конференција ги истакнавме нашите амбиции, Вардар да биде редовен учесник во европските Купови, на меѓународната сцена. Затоа би сакал дадам еден отчет за реализираните инфраструктурни проекти, на кои посветено работевме минатиов период, водени токму од зацртаната цел. За овие две години, го изградивме тренинг кампот на ФК Вардар, во населбата Хиподром, а еве сега го реализиравме и вториот проект, наменет за нашите деца од младинските категории до 14-годишна возраст. Исто така, во план е реализацијата на уште еден проект, со кој ќе бидат опфатени возрасните групи од 14 до 18 години и на тој начин ќе ја комплетираме целата неопходна инфраструктура, за потребите на ФК Вардар. Се надевам дека фудбалскиот свет во иднина нема да зборува само за Меси и Роналдо, туку дека од Фудбалската академија, наскоро ќе слушнеме за некој Месиевски или Роналдовски. Упатувам уште еден голем поздрав до сите што нѐ поддржуваат. Заедно одиме напред- Еден живот, една љубов.

За време во кое господинот Самсоненко е сопственик на фудбалскиот клуб, имаме освоено три првенствени и една Супер-куп титула, а годинава атакуваме повторно на трофеии.