Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Столе нека ја заборави “утката“, Раул е фантастичен стратег
Циндриќ: Столе нека ја заборави “утката“, Раул е фантастичен стратег

Циндриќ: Столе нека ја заборави “утката“, Раул е фантастичен стратег

Вардарецот и хрватски лидер,  Лука Циндриќ  не штедеше комплименти за играта која ја прикажуваат нашите ракометари, а даде и мислење за промашувањето на  неговиот соиграч Столе Стоилов во натпреварот со Германија во последниот дуел од првиот круг на Европското првенство што се игра во неговата земја. Тој за соиграчот од црвено-црниот табор вели:

Што може да се каже, сигурно не му е лесно на Столе. Јас ја вкусив горчината на такво нешто минатата година во Франција кога Хорват го промаши пеналот. Ме потсети на тоа, секако оваа е поблага варијанта, но најважно е тоа што Македонија заврши прва. Македонија треба да биде горда и задоволна како одигра против Германија, а како Столе, така и сите останати треба да го заборават тој шут.

Лука Циндриќ кој не штедеше комплименти и за Раул Гонзалес, нашиот селектор и тренер на хрватот во европскиот шампион, РК Вардар. Тој за шпанецот вели:

Ги гледав на телевизија, ги следев сите нивни натпревари. Уште од почетокот на турнирот велев дека Македонија може да биде големо изненадување. Раул покажа дека е фантастичен тренер и навистина им честитам од срце на него, но и на сите останати момци.