По добрите игри и победи против Малме и Копенхаген на домашен терен, Шампионот на Македонија, тимот на Вардар скокна многу на „CLUBWORLDRANKING“ листата. Нашиот тим сега се наоѓа на 686 место што го прави најдобар рангиран македонски клуб.
Пред настапите во ЛШ, Вардар не беше воопшто споменуван на оваа листа. Вардар сега и го одзема приматот на Шкендија, која падна на 747 место. Работнички пак, се наоѓа на 837 место на оваа листа. Доколку Вардар одигра добро и против Фенербахче, тогаш се разбира уште повеќе ќе напредува.