Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар нема пораз на домашен терен од Силекс од 2009 година
Вардар нема пораз на домашен терен од Силекс од 2009 година

Вардар нема пораз на домашен терен од Силекс од 2009 година

В недела со почеток во 13 часот Вардар ќе го одигра и последниот натпревар од првата македонска фудбалска лига за овој дел од сезоната. Нашите играчи в недела ќе се обидат да стигнат до уште една победа, односно да ја затворат оваа полусезона со шест бодови предност пред најголемиот конкурент за титулата Шкендија, или можеби и повеќе доколку Шкендија киксне со Пелистер на домашен терен.

Вардарци во првата лига со сите македонски фудбалски тимови имаат поуспешен меѓусебен биланс, па така и со кратовчани. Нашиот тим е во серија од две победи едно по друго против овој тим. Но, Вардар има еден “болен” пораз од минатата сезона. Минатата сезона Силекс како домаќин не совлада со резултат 3:2. Кога се во прашање домашните дуели против овој тим, тука нема дилема. Вардар на домашен терен против овој тим е во серија од 8 натпревари без пораз. Последен пат Силекс како гостин не победи во далечната 2009 година со резултат 0:2. Очекуваме Вардарци да ја заокружат есента со победа. Инаку, Вардар ќе одигра и уште еден натпревар до крајот на оваа календарска година. В среда гостин ќе ни биде Металург во рамките на реванш дуелот од 1/4 финалето од Купот на Македонија.