Во недела, на домашен терен на Национална арена “Филип втори“ ќе одиграме првенствен натпревар со кратовски Силекс. Ова е меч во рамки на 18.коло, кое воедно е и последно од оваа полусезона во првата лига. Тоа е ден кога ќе се прослави “есенската титула„ бидејќи во ова последно коло влегуваме со “плус шест“ во однос на главниот конкурент тетовска ФК Шкендија.
Мечот со кратовчани ќе се игра со почеток во 13-00 часот, тоа ќе биде последен првествен дуел, но до крајот на 2016 имаме уште еден официјалн натпревар за одигрување. Веќе во среда на 7-ми декември сме домаќини на второлигашот ФК Металург во реванш дуелот од купот. Тоа е реванш од четвртфиналето од националниот куп, првиот меч во гости го добивме со 1-4 и реваншот е чиста формалност за наша промоција како полуфиналисти оваа сезона во најмасовното фудбалско натпреварување во земјава. Дуелот со зелено-белите ќе се игра со почеток во 13-00 часот на Национална арена “Филип втори“.
Фудбалската федерација на Македонија за главен судија за мечот со ФК Силекс го делегираше Ѓорѓевски Далибор (Куманово). На него ќе ми помагаат Ѓорѓијевски Небојша (Брвеница) и Петковски Мартин (Куманово). Четврти судија е тетовчанецот Мустафи Фатон, а делегат е Георгиевски Горан (Куманово).